Македонија
25. November 2025 - 10:40

Поранешен заменик министер и директор меѓу осомничените, утрово претреси на МВР во Скопје, Куманово и Тетово

Поранешен заменик министер за земјоделство, еден директор и уште тројца раководители се му осомничените во рамки на големата акција која од утрово ја спроведува полицијата во координација со ОЈО Скопје на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово. Според информациите до кои дојде Сител станува збор за малверзации со стоковите резерви. 

Лицата, со неизвршување на својата службена должност, придонеле да се изврши отпишување на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра.

Меѓу осомничените е поранешен заменик Министер за земјоделство Т.Д, поранешен Директор на Агенција за стокови резерви, Р.А како и уште двајца раководители од оваа aгенција. 

Меѓу осомничените е и едно вешто лице од Бирото за процена од областа на земјоделството. 

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.