Бизнис
23. March 2016 - 19:50

За десет години отворни се 49 поголеми гринфилд компании

Изминативе десет години во Македонија се привлекоа 49 поголеми гринфилд инвестиции и стотици помали, наведе владеачката партија во отчетот. Ова овозможи креирање 17 илјади нови работни места со најава за дуплирање на бројката на 34 илјади во следните три години.

Износот на странските инвестиции во десетгодишниот период достигнал 2,6 милијарди евра. За споредба, во 13 –годишниот период пред тоа, странските инвестиции достигнале 1,3 милијарди евра.

Покрај директните вработувања, странските инвестиции  ги поттикнаа и вработувањата и ангажманот во домашните компании, а од извоз од 4,5 милијарди евра годишен извоз 1,5 милијарда се од зоните.

Странските инвеститори значително го  поттикнаа и домашниот бизнис, обезбедувајќи ангажман за стотици домашни фирми. На зголемувањето на оваа соработка активно се работи.

Уште еден од секторите каде има значително раздвижување е рударството. Покрај наоѓањето инвеститор за Злетово и Тораница, годинава се очекува да се отвори руднкиот Казандол, како и најголемиот рудник за злато во Југоисточна Европа, Иловица.