Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
Најавата на Села дека по напуштањето на НАИ размислува да има свои кандидати на повторените избори во Врапчиште и Гостивар може целосно да ја растури коалицијата на ДУИ, прогнозираат политичките аналитичари.
Иако Села не ги кажа точните причини поради кои го напушта Ахмети, тој синоќа за Сител потврди дека новите избори значат и нова шанса да се врати како фактор на политичката сцена.
Експертите велат дека разбирлив е потегот на лидерот на ова крило на Алијанса бидејќи ако останеше заедно со ДУИ тој ќе требаше да даде поддршка на Таравари со кој е во „војна“ за партискиот печат, или пак, на Ахмети од кого не доби ниту една градоначланичка позиција.
Но, можност за промени има и во владејчакиот албански блок на Вреди. Таму се уште е силна меѓукоалициска битка за прв човек, но дека функционирањето на Владата и на Собранието не е загрозено, вели Фаризи.
Аналитичарот вели дека доколку Села се приближи до Владата, не исклучува касами да биде тој кој ќе се поврзе со Ахмети и Таравари.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
