Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
Штип, Радовиш, Карбинци и Конче, се четирите општини кои заеднички ќе делуваат во превенција од пожари на отворено. На јавна расправа се дискутираше за мерките и активностите кои треба да се преземат за да се спречат огнените стихии кои изминатите години проголтаа огромни површини со шуми, токму на подрачјето на овие општини.
- Акцентот е ставен на превенцијата, односно, мерките и активностите кои се презентирани таргетираат настани пред настанување на пожарот, а не она што следува после и во фазата пна супресијата, изјави Бојан Михајловски , национален соработник за управување со пожари.
Критични точки се местата каде што живее или привремено претстојува население.
- Забрането спалување на земјоделски отпад, забрането палење во шумските предели и пунктови, точки, кои ќе бидат за поддршка во случај на супресија, односно, справување со пожари. Имаме и предвидено мерки за инсталирање на системи за рано предупредување доколку некаде настане пожар, изјави Столе Ѓорѓиев, претседател на Локална акциска група (ЛАК) Плачковица.
Освен штипската територијална единица, останатите општини немаат и доволно кадар, односно, обучени пожарникари. Потребно е да се инвестира и во современа, но и основна опрема за справување со пожари.
- Недостасуваат дронови за откривање на раните пожари. Недостасува и опрема, како мешиња, напретначи, метли и возила, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ- Штип.
Програмата се реализира во сите земји на Западен Балкан, поддржана е од Швајцарската агенција за развој и соработка, а партнер е министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
