Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран дека Украина е подготвена за преговори околу мировниот план за ставање крај на војната што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе БТА.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со секретарот на Армијата на САД, Ден Дрискол, за начините за постигнување мир и вети дека двете страни ќе работат на точките од планот.
Кабинетот на Зеленски претходно официјално соопшти дека тој добил нацрт-план од САД за дипломатско решение на конфликтот во Украина, кој почна со инвазијата на Русија на 24 февруари 2022 година.
ТАСС денеска прецизира дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјавил дека Москва не е информирана за подготвеноста на Киев за преговори.
– Песков ми рече дека досега Москва не била известена за согласноста на Зеленски да води преговори околу мировниот план на Трамп – напиша новинарот Александар Јунашев на својот канал на „Телеграм“, додава ТАСС.
Ново на Сител
-

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп
-

ЦУК: Во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките
-

Русија ги зголемува даноците за „странските агенти“ кои ја „предале земјата“
-

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор
-

Белата куќа го брани Трамп откако тој и се обрати на новинарка со „прасенце“
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
-

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
