Македонија
20. November 2025 - 16:34

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела

Следната недела ќе бидат познати имињата на новиот вицепремиер како и министерот за животна средина , по заминувањето на Изет Меџити, потврди премиерот. Ова ќе бидат кадровски решенија само за празните места , но не и за реконструкција на владата. 

Позицијата на Беким Сали за вицепремиерската позиција е веќе договорена, тврдат од ВРЕДИ. Иако не сакат да откриваат имиња, велат во завршна фаза се разговорите и за позицијата во животна средина. 

Неофицијално според информации на Сител од коалициата ВРЕДИ, министерската позиција во животна средина ќе ја пополни поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа, а со реконструкцијата на владата, според истите извори,  Арбен Фетаи од вицепремиер за добро владеење, ќе премине во министерството за евроинтеграции. 

И покрај условувањата и барањата кои ги испорача Зијадин Села за евентуално влегување во влада, премиерот Мицкоски не гледа потреба од нов коалиционен партнер, ниту ја разбира тезата за блокада на реформски закони со бадентерово мнозинство.

Наспроти Мицкоски, албанскиот владин партнер пак не гледа проблем за нови партнери во влада. Велат течат разговори, но детали не споделуваат.