Македонија
20. November 2025 - 16:33

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството

Анонимни телефонски линии за пријавување мито и останати девијантни појави во здравстото најави Премиерот Христијан Мицкоски. Ова следи по информациите кои стигнувале до Владата дека одредени здравствени работници повеќе ги интересирале парите, отколку здравјето на пациентите.

- Луѓе алармираат, даваат одредени инндиции за одредени појави што не се добри кај одредени лица, но никако да дојдеме до реализација и до доказ. Тоа е она што за мене како прв човек на Владата претставува озбилен предизвик и убеден сум дека во периодот кој следи ќе дојдеме до такви озбилни докази за тие индиции кои што луѓето ги кажуваат, изјави Христијан Мицкоски, Премиер

Линиите ќе ги координира министерството за внатрешни работи. По завршување на подготовките ќе ги објават и броевите. Дискрецијата ќе биде гарантирана, рече Премиерот и ги повика граѓаните да се охрабрат и да пријавуваат корупција не само за лекарите туку и за сите фирми кои работат во здравството.

- Секој оној кој што пријавил успешно се завршува таа акција, почнувајки од оној врховен судија, па завршувајќи до овој последен случај со директорот во платежната агенција, рече Христијан Мицкоски, Премиер.

Алатка за пријавување неправилности во здравството на веб страницата промовираше и министерот Азир Алиу веднаш по стапувањето на функцијата. Тој обелодени и случај за мито, но не соопшти конкретни детали.