За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
Од тоа дека се работи за тест за зрелоста на општеството, кој ќе ја обезбеди вистината за тргедијата во Кочани до тоа судот има одговорност да донесе правда во предметот за дискотеката „Пулс“. И власта и опозицијата со слични очекувања од судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица. Но и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не ја испуштија приликата и денеска меѓусебно да се обвинат дека прават пртисоци на процесот.
Лидерот на СДСМ бара транспарентност во процесот за да с еизбегнат манипулациите.
Сосема спротивно пак, од партијата на Мицкски ценат дека токму Филипче со ваквите изјави прави притисок. Велат судот во усдењето да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле не зависно од политичка и етничка припадност на обивнетите, но и независно од политички пораки. „Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки од модуларната, па се до разни набавки во здравството. Цела држава знае, освен обвинителството. И еве го повикуваме обвинителството на Заев и Филипче да делува одговорно и да испита сѐ…. Вистината мора да излезе на виделина.
Македонија мора да гради систем во кој нема да има повластени и недопрени, туку Законот ќе важи за сите. Заради тоа овој случај е исклучително важен“, велат од владејачката партија.
Во меѓувреме до Нова година се очекува да почне со работа анкетната комисија за случајот во Собранието. Иако смета дека проширувањето на надлежноста на ова ад-хок тело со трагедиите од модуларната болница, Дурмо-турс и Беса-транс е обид на власта за манипулација, сепак Филипче прифаќа дебата и за овие случаи.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче манипулира кога вели дека не се барани анкетни комсии за претходните трагедии додека биле во опозција. Потсетуваат дека за едната анкетна комисја власта на СДСМ и ДУИ не правеше кворум, а за другата не стигна да биде ставена ни на дневен ред на седница.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
