Милевски: Потфрливме комплетно, не бевме на потребното ниво

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е разочаран од убедливиот пораз (7:1) од Велс синоќа во последното коло од квалификацискиот циклус за СП 2026.
По овој пораз ждрепката за плејофот, изборен преку Лигата на нации, за пласман на Мундијалот ќе го чекаме од последниот, четврти барабан.
-Далеку бевме од нашето вистинско издание, едноставно не бевме на потребното ниво. Потфрливме во многу аспекти, не личевме на тимот кој претходно 14 натпревари беше непоразен. Но, овие играчи се истите оние што ни донесоа бројни радости и долго време не знаеја за пораз. Што се однесува до мене, воопшто нема дилема дека имам мотив и желба да продолжам да ја водам Македонија, изјави селекторот Благоја Милевски.
Тој се обиде да направи анализа на убедливиот пораз.
-Не најдовме решение за нивната агресија. Сакам да му честитам на Велс. Одговорноста ја преземам целосно, секогаш била моја. Начинот на кој загубивме боли уште повеќе од резултатот. Не успеавме да одговориме физички, па ваков исход беше речиси неизбежен, истакна Милевски на прес-конференцијата по натпреварот.
Од нашата група директен пласман на Мундијалот 2026 избори Белгија, додека Велс оди во баражот како второпласиран.
МИА
Ново на Сител
-

Милевски: Потфрливме комплетно, не бевме на потребното ниво
-

По осум месеци од пожарот започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви, 38 обвинети
-

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК
-

И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
-

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва
-

Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
