Пожар го уништи историскиот облакодер „Вјесник“ во Загреб
Пламените јазици го уништија облакодерот Вјесник, еден од најпрепознатливите симболи на Загреб, добрата вест е што нема жртви или повредени истакна градоначалникот Томашевиќ. Република Хрватска е мнозински сопственик на објектот, а делот што се запали се користел за сместување на архивите на државните претпријатија.
- Штетата е огромна. Мнозински сопственик на Вјесник е државата. Структурните инженери ќе видат каква е состојбата, дали објектот е за рушење или ќе се обновува. Се надевам дека ќе се обнови, изјави Томислав Томашевиќ, градоналчаник на Загреб
Облакодерот горел цела ноќ. Интеверирале над 100 пожарникари со 30 возила. Пожарот од засега непознати причини почнал на покривот, синоќа околу 23 часот и брзо се проширил на средниот дел од зградата и долните катови. Станува збор за објект висок 67 метри со 16 ката. Справуавњето со огнената ситхија воопшто не беше лесно, оценка на Командантот на Загрепската противпожарна служба.
- Беше опасно за пожаниркарите. Оган во вертикала, типичен за дефект на инсталации, изјави Синиша Јемебрих, командантот на Загрепската противпожарна служба
Облагододерот е изграден во 1972 година. Именуван е по весникот Вјесник и бил култна новинарска инситутуција во поарнешна Југославија. Овде биле сместени повеќе медиуми а и се печателе и изданијата на некои од најпопуларните стрипови, како Алан Форд.
Во меѓувреме здравствените власти излегоа со препораки до граѓаните - да останат во затворен простор во области каде што е видлив чадот или се чуствува мирис на горење и да ги држат прозорците и вратите затворени. Доколку се движат во близина на местото на пожарот задолжително да носат заштитна маска.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
