Гаши ги распиша повторените избори за 4 општини за 11 јануари
Повторените избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Џентар Жупа ќе се одржат на 11 јануари. Собранискиот спикер Гаши го потпиша решението откако ДИК констатираше дека во овие 4 општини во првиот изборен круг не бил исполнет цензусот за излезност.
„Им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет“, стои во пораката на Гаши.
До 11 јануари веќе појасно ќе биде и какви се’ промени во Владата, владејачкото мнозинство и партиите ќе предизвикаат локалните избори. Премиерот вели дека се уште траат меѓукоалициските консултации за владините промени.
Од Вреди дека се уште во игра се споменатите промени: Фетаи да стане министер за евроинтеграции, а вицепремиер на местото на Меџити да биде Беким Сали. Во животна средина се планира поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа. Речиси извесна е смената и на Филков од правда. Иако Мицкоски не потврди, сепак, можни се кадровски промени и во ресорите што ги држи ВМРО-ДПМНЕ.
Се уште молк во СДСМ за одговорност за изборниот пораз и евентуални смени. Останува најавата Трајановски да биде нов потпретседател во партијата, а конгресот за анализа на изборните треба да се очекува до Нова година.
За конгрес на кој како што велат ќе има освежување партиските структури, се подготвуваат и интегративците на Ахмети. Од таму велат дека анализата на изборните резултати покажала дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите и во албанските средини.
Сепак, избори од коалицијата што ја предводи ДУИ, велат дека повторните избори во 4. општини можат да предизвикаат проблеми со крилото на Таравари. Наводно, ДУИ се подготвувале за свој кандидат во Гостивар, што може да значи крај на политичкиот опстанок на ова крило на Алијанса.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
