Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови

Решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), за која САД поставува услов за суспензија на санкциите да не биде во мнозинска руска сопственост, мора да има во следните седум дена. Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија.
Според него, последната опција за НИС ќе биде национализацијата, доколку нема друго решение.
Според Вучиќ, Русите разговараат за продажба на сопственоста во НИС со азиски и европски партнери, а Србија ќе се согласи на каков било договор.
„Санкциите против НИС се во сила веќе 37 дена, а никој во Србија не почувствува ништо, бидејќи се подготвивме добро. Имаме многу резерви на гориво и нема причина за паника, но не можеме да испразниме се“, рече Вучиќ.
„Моментално имаме 25.000 тони дизел во воени резерви. Ве молам бидете подготвени доколку биде потребно за цивилни потреби да се овозможи употреба на дизел, и војската да излезе во пресрет на народот“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Владата на Србија треба да подготви ребаланс на буџетот за оваа година доколку се потребни дополнителни пари за НИС и купување гориво.
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, го информираше Вучиќ дека парламентот ќе усвои ребаланс по итна постапка доколку е потребно.
Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, објави дека Србија добила јасна порака од САД дека во следните три месеци руската сопственост на НИС мора трајно да се промени, додавајќи дека е подготвена да поднесе оставка бидејќи „немаме живот без рафинеријата“, а со неа се согласи и министерот за финансии Синиша Мали.
Едноставно немаме избор. Без разлика што некој мислел, зборувал за резервите… За нас, оваа ситуација со НИС загрозува се, ама баш се – нашиот раст, нашата стабилност, нашиот кредитен рејтинг“, рече Мали.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови
-

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
-

УХМР најавува нестабилно време, од вторник дожд и силен ветер
-

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
-

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, приведен 41-годишник
-

Приведен 40-годишен велешанец, управувал возило со 94 километри на час на место каде е дозволено 40
-

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина
-

Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка
