Loading Video...
Свет
15. November 2025 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Тројца загинати и двајца повредени е билансот од тешката несреќа што синоќа го потресе Стокхолм, кога автобус полн со патници удри во автобуска станица. Возачот е уапсен, но се уште се истражуваат причините за несреќата. Градските служби ја опишаа ситуацијата како сериозен инцидент, а од полицијата велат дека досега ништо не укажува на намерна причина за трагедијата. Сведоци и семејството на уапсениот возач се сомневаат дека се случил ненадеен здравствен проблем кај него, со оглед на тоа што бил искусен професионален возач години наназад без претходен инцидент. 

Авион се урна пред аеродромот во Суботица, 24 годишниот пилот со тешки повреди го преживеа паѓањето на авионот, меѓутоа копилотот, на кого според српските медиуми му било роденден, а се качил во авионот како роденденски лет, починал. Авионот се урнал во атарот на Суботица, на два километри од локалниот аеродром. Летот бил пријавен во Батајница, но пилотот не воспоставил контакт по времето кога требало да слетаат, па од таму биле известени жителите на Суботица дека нешто не е во ред. Поради силната магла, потрагата била отежната. Пилотот и покрај тешките повреди успеал да ја прати локацијата и така биле пронајдени. На местото и денеска има полиција, а истрагата продолжува. 

Русија и Украина и денес разменуваат спротивставени тврдења за ситуацијата на фронтот околу Покровск. Москва соопшти дека нејзините сили спречиле повеќе украински обиди за пробив и дека извршиле масовни удари врз енергетски и индустриски објекти во Украина.

Од Киев возвраќаат дека руските трупи започнале 64 напади, од кои 41 бил одбиен. Украинскиот Генералштаб во раните утрински часови извршил удари врз стратешки цели во Русија – меѓу нив пристаништето Новоросијск, складишта за нафта и позициите на системите С-400, по што следеле експлозии и пожари.

Претседателот Зеленски објави и снимка од лансирањето на долгoдometните ракети „Долг Нептун“првпат Киев јавно да го прикаже ова оружје. Тој потврди дека биле погодени цели во Русија, без да открие повеќе детали.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе покрене судска постапка против Би-Би-Си поради начинот на кој беше монтиран неговиот говор во емискијата „Панорама“, откако радиодифузерот се извини, но одби да му исплати отштета. Ќе ги тужиме за отштета помеѓу 1 и 5 милијарди долари, веројатно некаде следната недела, изјави Трамп. 

Во четврток, Би-Би-Си соопшти дека монтирањето на говорот на 6 јануари 2021 година ненамерно создало „лажен впечаток дека претседателот Трамп директно повикал на насилни дејствија“ и дека нема да биде повторно емитуван. Радитузерот му се извини на претседателот, но рече дека нема да плати никаква финансиска отштета. Трамп не го покрена прашањето со британскиот премиер Кир Стармер, но Стармер рече дека побарал да разговара со него.

Претседателот на САД рече дека ќе му се јави на Стармер во текот на викендот.