СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
Опозициската СДСМ со нови тврдења за случајот ИПАРД. Скандалот, според партијата укажувал вмешаност на премиерот Мицкоски и неговите кумашини. Врската, како што велат, бил уапсениот директорот на платежната агенција Стоилев.
„Денес Христијан Мицкоски директно треба да одгвори. Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви? Дали имало провизии и дали дел од провизиите завршувало кај него или во ВМРО-ДПМНЕ? СДСМ објавуваше изминатата година дека во во Агенцијата се случува буквално кражба, рекет и мито на секој чекор, но сега тоа излезе на виделина. Дали оваа шема на испумпување пари била начин за финансирање на Мицкоски и партијата?“, изјави Богандка Кузевска, портпарол на СДСМ.
Премиерот ја повика опозицијата наместо да поставува прашања, на своите прес конференции да изнесува трврдења. Изјавите за негова вмешаност, Мицкоски ги нарече шпекулации, и најави дека ќе продолжи испитувањето на случајот кој можел да стигне и до поранешни функционери на СДСМ.
„Ако се толку сигурни во тие тврдења, нека излезат и нека кажат, замешан е Христијан Мицкоски, замешан е тој и тој, затоа што вака е кукавички и не оставаат впечаток. И нека ни помогнат, Јас јавно повикувам, еве, сите што имаат докази за злоупотреба, нека дојдат и нека ги достават тие докази за да можеме ние да делуваме. Апсолутно ги отфрлам тие шпекулации, и нека остават да си ја работиме работата онака како што треба, ама да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри. И тогаш да ги видам повторно да излезат на прес конференции“, изјави Христијан Мицкоски, Премиер.
Откако Стоилев беше фатен со поткуп од 400 евра, државата привремено ги запре исплатите од ИПАРД програмата. Министерот за земјоделие, Трипуновски, вчера за Сител рече дека таквиот потег го одобрил Брисел, а тврдењата дека се изгубени европските пари, ги оцени како шпекулации.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
