Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
Државниот обвинител го охрабри градоначалникот на Скопје да ги пријави сите злоупотреби кој ги открил во јавните претпријатија. Коцевски го повика да поднесе кривична пријава и да достави докази по кои јавното обвинителството ќе отвори постапка. За вакви наводи вели Коцевски не се постапува по допрен глас туку по конкретна пријава.
Ѓорѓиевски пред јавноста откри дека за потребите на комуналната хигиена биле ангажирани возила за чистење и биле плаќани на физички лица во износ од 5до 10 илјади евра на име на интелектуални услуги. Ѓорѓиевски ги прекина договорите на околу 500 лица во јавните претпријатија за кои рече дека земале плата но не доаѓале воопшто на работа и објави дека над 300 милиони евра е вкупниот долг на јавните претпријатија во Скопје.
По ова екс градоначалничката на Скопје Арсовска се огласи на ФБ и го обвини градоначалникот за лажни тврдења. Побара од Ѓорѓиевски со име и презиме да ги објави сите 500 вработени со податок кога не доаѓале на работа и го повика на јавна дебата да се соочат.
Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш.
- Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници.
Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна реагираа од ВМРО ДПМНЕ.
„И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира. Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска.“
Оваа тема предизвика лавина реакции веднаш по стапувањето на функција на новиот градоначалник кој од првиот ден најави брза ревизија на работењето на претпријатијата и реорганизација.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
