Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
Криминал и корупција, ДКСК, и правосудство. Вицепремиерот Фетаи вака ги подредува по приоритет проблемите кои државата мора итно да ги реши. На годинешната Конференција за координација на безбедноста порача дека сите овие предизвици се нотирани и во Извештајот на ЕК, а властите треба да се насочат кон подобрување на состојбите.
„Главните проблеми кои исто така се дел од извештајот на ЕК, се во однос на криминалот и корупцијата, судството кое со години нема кредибилитет во однос на судските процеси за криминал и корупција на високо ниво“, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.
Дополнително, вицепремиерот нотира дека неопходни се промени во правосудството и Кривичниот законик, за да се доближиме до европските практики.
„За време на овие 16 месеци владеење, сме соочиле со два изолиран случаи за кои се преземени мерки, а немало голем коруптивен скандал. Како влада, работиме неселктивно и законот важи за сите“, додаде Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.
Закани нема само во Македонија, таргет се и другите земји од ЗБ. Безбедносните експерти предупредуваат дека организираниот криминал не познава граници. Токму поради ваквата ситуација е важна меѓусебната соработка на безбедносните служби во овој регион.
„Во последно време ставаме силен акцент на сајбер безбедноста. Бидејќи според последните анализи, сајбер заканите во ЗБ нагло се пораснати за 200%. 1,2 милиои приватни и јавни документи се ставени на ризик. Затоа мора да се насочиме заеднички да работиме да се справиме со нив“, изјави Амер Капетановиќ, генерален секретар на Совет за регионална безбедност.
„Мислам дека тероризамот е една од најголемите закани во цела Европа и зависи од гео-политичката еволуција или еволуција од сценарио, затоа мора да работиме заедно, за да размениме информации“, Стефано Гамбакурта, заменик-генерален директор за јавна безбедност на Италија.
Оваа безбедносна конференција се оджува во момент кога ЕУ прави интензивни напори за европска одбрана, проширување на Шенген и Планот за раст. Домаќин е Македонија, а овој регионален форум деновиве собира екперти од регионот да кројат решенија за подобра иднина.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
