Македонија
11. November 2025 - 16:39

Мицкоски со најава за нови инвестиции

Премиерот  Мицкоски најави нови инвестиции и над 1000 нови вработувања од компании кои ќе склучат договор со Владата.Иако има некои компании се затвораат, бидејќи такви се условите на пазарот сепак доказ за конкурентноста  според премиерот е  „Костал“ која во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и  200 работни места.

Европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација, но сепак директор на „Костал“ во Македонија Мизо најави дека со дополнителни инвестиции ќе бидат позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија.

Инаку во „Костал“ во Охрид има околу 1.200 вработени, а во 2026 година е планирано да бидат отворени дополнителни 200.