Македонија
11. November 2025 - 12:13

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат

Премиерот Мицкоски вели дека нема простор за загриженост по информацијата дека две американски компании кои вработуваат околу 1000 луѓе се повлекуваат од индустриската зона Бунарџик.

Премиерот кој денеска беше во фабриката Костал во Охрид, која најавува нова инвестиција од 30 милиони евра и проширување на производството вели дека не е крај на светот, бидејќи сосема е нормално некои компании да се затвараат а други да се отвораат.

Тој најави неколку нови инвестиции со кои Владата е во фаза на потпишување на договори.