АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
Грав и леќа со поминат рок и плескавици без декларации не стигнаа до потрошувачите. При вонредна контрола, Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 37 тони храна со поминат рок и без декларации да заврши на полиците во продавниците.
АХВ уништи јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини чија безбедност за употреба била истечена од една до две години. Операторот добил времена забрана за работа но и парична казна.
Од зрнести производи најмногу има грав и леќа, од зачини кои ги затекнавме на лице место има црвен пипер, бибер и киноа, од јаткасти производи – ореви, бадеми и лешници. Глоба на операторот со храна е пишана од 3500 евра во денарска противредност. Исто така е дадена и времена забрана во зависност од недостатоците што ги има за да ги отстрани, вели Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Освен гравот, зачините и оревите, Агенцијата за храна и ветеринарство заплени и нештетно уништи 130 килограми на подготовки од месо како плескавици, кофтиња и ќебапи кои биле небезбедни за потрошувачите.
АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници за што заради утврдени недоследности – нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителни обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна, на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за врпење на дејност. Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатови а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништена, вели Миланов.
Контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство биле спроведени неделава кај повеќе оператори со храна.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
