Преглед на вестите од светот
Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со брзо темпо, како што би се сакало , изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската агенција РИА.
Тој рече дека е подготвен за средба со американскиот државен секретар Марко Рубио кога тоа ќе биде потребно, бидејќи како што доаде, редовната комуникација е важна за разговор за билатералните прашања и околу војната во Украина потенцирајќи дека решение не е возможно без да бидат земени предвид руските интереси.
Интервјуто на Лавров доаѓа на неколку дена по информациите дека тој ја загубил довербата на Путин откако пропадна мировниот самит во Будимпешта, вест која Кремљ и официјално ја демантираше.
Ројтерс објави дека Вашингтон се повлече од самитот поради фактот дека Русија не била подготвена на никакви отстапки.
Најмалку две лица загинаа на Филипините откако супертајфунот Фунг-вонг ги погоди централните и источните делови на земјата, предизвикувајќи обилни дождови и силни ветрови кои предизвикаа прекини на електричната енергија во голем дел од регионот.
Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани во пресрет на новиот налет кој во провинцијата Аурора се очекува вечерва. Властите ги повикаа жителите строго да ги почитуваат наредбите за евакуација.
Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтер ја погоди Јапонија. Земјотресот е регистриран на брегот на префектурата Ивате во северниот дел на земјата но нема информации за евентуални жртви.
Надлежните служби издадоа предупредување за можно цунамии и уште посилен потрес.
Според последните информации, нуклераната централа која што се наоѓа во погодената област не претрпела штети
Дел од општините што се под опасност од цунами веќе отворија шелтер центри во кои нудат простор за евакуација.
Земјотресите се редовна појава во Јапонија. Во 2011 земјата беше погодена од земјотрес со интензитет од 9 степени кој предизвика штети во нуклеарната централа во Фукушима, најголема ваква хаварија по онаа во Чернобил.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
