МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви, соопшти МВР.
-Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење, велат од МВР.
Статистиката, како што истакнуваат од МВР, покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги остават мобилниот телефон додека управуваат со возилото, да не возат со брзина поголема од дозволената, да не седнуваат зад воланот доколку конзумирале алкохол.
- Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот, велат од МВР.
До родителите МВР упатува посебен апел, да не им дозволуваат на децата да управуваат какво било превозно средство без соодветна обука, дозвола и надзор.
- Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес, се наведува во соопштението.
Од МВР со најголема одговорност апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат совесни, внимателни и дисциплинирани.
-Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот. Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот, велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач.
-Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома, истакнуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
