Преглед на вестите од светот
Њујорк бира градоначалник. Спроед анкетите фаворит е 34 годшниот Зохран Мамдани со имигрантско потекло од Уганда. Тој е кандиат на Демократската партија и доколку победи ќе стане првиот муслиман кој ќе го води најголемиот град во Соединетите држави. За фунцијата се борат и Републиканецот Кертис Слиуа и Ендру Куомо, демократ кој се кандидира како независен кандидат.
Трамп отворено се вмеша во изборите за градоначалник на Њујорк, заканувајки се дека ќе ги намали федералните средства за градот доколку победи Мамдани и го нарече комунистички лудак. Американскиот претседател го поддржа Куомо, иако призна дека не е негов обожавател.
Мамдани го отфли обвинувањата дека е комунист, рече дека ќе се обиде да соработува со Трамп за доброто на градот, но дека нема да биде запплашен.
Руското министерство за одбрана соопшти дека нивните трупи напредуваат во украинскиот град Покровск. Од таму велат дека војниците влегле во градската област Пригородни, каде што се утврдиле. Според украинските податоци, во Покровск останале околу 1200 цивили.
-Веќе не можеме да влеземе во Покровск. Ги молиме луѓето да заминат пеш до најблиските села, каде што можеме да ги земеме. Да се вози во градот со автомобил значи дека си цел број еден за непријателот, тие постојано ја напаѓаат логистиката, рутите, зијави Хенадин Јудин, единица за евакуација.
Покровск е стратешки важен град, чие заземање би им го отворило патот на руските сили кон поголемите градови во Доњецк, Краматорск и Славјанск.
Поранешниот потпретседател на САД и секретар за одбрана Дик Чејни почина на 84 годишна возраст. Починал од компликации од пневмонија и кардиоваскуларни залоболува, велат од неговото семејство. Чејни беше потпретседател на Џорџ Вокер Буш во двата мандати, од 2001 до 2009 година.
Се смета за главен архитект на „војната против тероризмот “ по нападите на 11 септември 2001 година и еден од клучните застапници на ивазијата на Ирак во 2003 година.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
