Македонија
3. November 2025 - 21:12

Аналитичарите очекуваат кадровски промени кај поразените партии но не и лидерски смени

Поразот кој го доживеа ДУИ на овие избори без исклучок треба да донесе целосна трансформација на партијата на чело со лидерот на интегративците сметаат аналитичарите. Ова било јасна порака уште во првиот круг дека граѓаните не се согласуваат со политиката која ја одбра НАИ со настапот на овие избори. 

Небиу смета дека овие изборни резултати се голема лекција и за владејачкото мнозинство. Според него бројките  покажале историски најниска излезност со најголем број поништени гласови кои се одраз на незадоволство на граѓаните кои не виделе понуда ниту во опозицискиот политички корпус.

Иако промените се неопходни во врвот на раководствата на поразените партии, аналитичарите не очекуваат промени бидејќи проблемот го гледаат во статутарните механизми кои речиси се исти во сите политички партии кога е во прашање менување на лидерството. 

За помалите поразени партии аналитичарите прогнозираат  нивно тивко замирање од политичката сцена по овие резултати. 

Во ДУИ сепак не се разговарало за оставки на денешната седница на централното претседалство. Од партијта сопштија дека се дискутирало за сите внатрешни развои во партијата и за коалицијата и донеле одлука да одржат конгрес на 20 декември. 

Оставка не планира ниту претседателот  на СДСМ Венко Филипче кој по изборите најави дека отпочнува процес за кадровски промени на првите луѓе околу него.