Велосипедист усмртен пред мостот Гоце Делчев - возачот избегал
Безживотното тело, локвите крв и искршениот велосипед сведочат за тешката сообраќајна несреќа која попладнево се случи на пешачкиот премин пред мостот Гоце Делчев. Возилото се движело од подвозникот кај поранешната стоковна куќа Мост кон центарот на градот по што удрил во велосипедистот кој починал на лице место.
- Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР
Неколку часа по сообраќајката, сообраќајот на мостот Гоце Делчев беше пренасочен.
Местото на несреќата е црна точка за градот...со години наназад во билтените на МВР се регистрираат сообраќајни несреќи со жртви и тоа најчесто поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила и прописи.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
