Кина ги негира тврдењата на Трамп за нуклеарните тестови

Кина денеска изјави дека не спровела никакви нуклеарни тестови, како одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг и Москва спроведуваат такви тестови, но не зборуваат за нив.
„Кина отсекогаш се придржувала кон мирен пат на развој, води политика на „без прв удар“, се придржува до нуклеарна стратегија заснована на самоодбрана и се придржува до својата обврска за суспендирање на нуклеарните тестови“, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција.
Таа, исто така, потврди дека шпанскиот крал Фелипе Шести ќе ја посети Кина од 10 до 13 ноември. Тоа е прва посета на шпански монарх на Кина за 18 години и доаѓа во време кога Мадрид се стреми да ги подобри трговските врски со Пекинг и да привлече кинески инвестиции.
Кина е подготвена да ја искористи можноста што ја дава посетата за проширување на соработката и подобрување на стратешкото партнерство, нагласи Мао Нинг.
Покрај тоа, кинеското Министерство за надворешни работи објави дека ќе го продолжи безвизниот режим за некои земји, вклучувајќи ја и Франција, до 31 декември 2026 година. Од 10 ноември овој месец, шемата ќе биде проширена, додавајќи ја и Шведска.
МИА
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
