Две лица загинаа во сообраќајни несреќи во Струмичко

Вчера две лица загинаа во две одделни сообраќајни несреќи што се случија во Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.
Вчера во 16:35 часот во полицијата било пријавено дека на на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала, автомобил „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.В.(46) од село Сушево, струмичко, се превртел на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Во втората сообраќајна несреќа, која се случила на на регионалниот пат Р1402, на делницата од село Габрово до село Банско, загинал К.Д.(63) од село Градско Балдовци, струмичко. Тој, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од повредите на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
И во двата случаи лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Увид на местото на несреќите, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
-

Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
-

Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата
-

Филипче: Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка
-

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје
-

Пораз за Дехари и ДУИ во Кичево, Александар Јовановски прогласи голема победа
-

Максим Димитриевски слави во Куманово | ВИДЕО
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
