Села негира дека комуница со Меџити и оти ќе биде дел од Владата

Откако вицепремиерот и еден од лидерите на Коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити вчера на телевизиско гостување рече дека претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците дел од Националната алијанса за интеграција, Зијадин Села може да биде дел од Владата и оти комуницираат, тој со објава на својот Фејсбук го негира сето тоа.
-Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и тој не знае со кого комуницирал... Лагата е измешана, Изет, пропагандата и невистината. Вистината е секогаш чиста и неизмешана, таа е само една и не може да има две или повеќе. И оваа вистина звучи вака, Изет! Ти во комуникацијата со мене НЕ. Јас дел од владата НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ НЕ. Уште еднаш повторувам, ги мерам моите достигнувања во политиката според тоа колку сум придонел за тоа Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта. Ќе имаме работа заедно во Парламентот со вас и со ВМРО. Како и секогаш, власта од едната страна, а јас од другата. Не еден до друг, туку лице в лице!, напиша Села.
Во однос на можноста Зијади Села да влезе во Владата, Меџити вчера во гостување на ТВ 21 изјави дека не го го негира тоа, бидејќи политичката сцена кај албанските партии сега е „измешана“.
-Не го негирам тоа. Може да биде, рече Меџити, а на прашањето дали имало некаков разговор одговори: „Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции сè додека не се формираа два табора. И мислам дека сè уште ќе има турбуленции“.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична против тројца за поткуп при полагање стручен испит
-

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
-

Тројца загинати во украински напади со дронови во Белгородската област, гранатиран и автобус
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
