Најмалку 25 лица загинаа во поплавите предизвикани од ураганот Мелиса на Карибите

Ураганот Мелиса беснее низ Карибите откако вчера го погоди вториот по големина град во Куба, предизвикувајќи пустош во Јамајка и поплавувајќи го Хаити, при што загинаа најмалку 25 лица.
Мелиса ја погоди Јамајка еден ден претходно како најсилниот ураган што некогаш стигнал до копното, со ветрови од 298 километри на час, далеку над минималната јачина за ураган од категорија 5, најсилната класификација за ураган.
Бурата не го погоди директно Хаити, најнаселената нација во Карибите, но донесе обилни дождови. Властите пријавија најмалку 25 смртни случаи, главно од поплави во Пети-Гоаве, крајбрежен град 40 милји (64 км) западно од главниот град каде што река се излеа од коритата.
Во Хаити, каде што повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради конфликт меѓу бандите, властите соопштија дека повеќе од илјада домови се поплавени. Луѓето што живеат во импровизирани кампови рекоа дека поплавите го оневозможиле нормалното функционирање и дека владата и хуманитарните групи биле бавни во доставувањето на залихи.
Проценките се дека Мелиса предизвикала штета и економски загуби од 22 милијарди долари само на Јамајка, а дека закрепнувањето би можело да трае една деценија или повеќе.
Понатаму, околу 77 проценти од Јамајка остана без електрична енергија. Во исто време, главниот град Кингстон беше поштеден од најголемата штета, додека главниот аеродром треба да се отвори повторно денеска.
Снимките од воздух покажаа уништени куќи, разнесени покриви, паднати далноводи и полиња покриени со урнатини.
Тамошната влада нагласи дека ќе ги држи отворени засолништата за итни случаи во текот на целата недела, бидејќи луѓето продолжуваат да пристигнуваат од уништените домови.
Министерот за локална самоуправа, Дезмонд Мекензи, рече дека биле примени над 25.000 луѓе.
„Никој не треба да биде одбиен од засолништето“, рече тој.
Метеоролозите велат дека Мелиса е третиот најинтензивен ураган регистриран во Карибите, по Вилма во 2005 година и Гилберт во 1988 година - последната голема бура што директно ја погоди Јамајка.
МИА
Ново на Сител
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
