-->
-->
Изложба на фотографии од Јана Луловска во Софија
-->
Изложба на фотографии насловена „Корелација" од Јана Луловска ќе биде отворена вечер со почеток во 18:30 часот во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.
Изложбата која е дел од годишната програма на Центарот во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров. „Корелација" е прва самостојна фото-изложба на Луловска во Софија.
- Првата самостојна изложба на збирката фотографии на младата авторка Јана Луловска под наслов Корелација, се состои од дваесет диптиси, генерирани од и посветени на балканскиот пејзаж. Низ овој жанр, како и низ користењето на старата класична и некогаш популарна благородна техника гумитилија, Луловска се обидува, во ерата на сеопшта дигитализација/виртуализација, низ реактуализација на оваа техника да си ја овозможи најнапред креативната слобода, која се темели на телесната сличност на знакот и на објектот кој го третира, вели за изложбата Конча Пиркоска.
Јана Луловска е родена 1986 година во Скопје, Република Македонија. Завршила уметничка и применета фотографија на Националната Академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов" во Софија. Досега има реализирано неколку самостојни изложби во Скопје и повеќе групни изложби, меѓу кои и неколку во Р. Бугарија.
Делата ќе бидат изложени во македонскиот КИЦ до 6 април. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата