Приведени две лица во Тиквешијата поради агресивно однесување под дејство на алкохол

Две лица во Тиквешијата биле приведени во текот на вчерашниот ден поради агресивно однесување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во првиот случај, во 15:10 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го привеле Е.Ј., на возраст од 18 години од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговите родители.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР - Велес.
Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
-

Кривична против неготинец поради сомнеж за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
