Алиу: За месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем

Процесот на реорганизација на специјализациите според стручњаците ќе придонесе за две работи и тоа прво ќе има општа специјализација, четири или пет години зависи од работната група како ќе одлучи, ќе имаме кадар кој ќе работи во секундарното здравство и ќе може да нуди услуги и второ субспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното здравство, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Тренд во светот, посочи тој, е организирање на здравствениот систем врз основа на барања и инфраструктура.
- За жал кај нас во тој период најверојатно е направен „копи пејст“ од ЕУ директивите за специјализации, а нормално после 15 години да се ревидираат уште еднаш и во моментов тоа го правиме и за месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за неврологија и нејзината амбуланта каде на граѓаните денеска им се врши бесплатен доплер на каротидни артерии во рамки на отворениот ден на Клиниката, а по повод 29 октомври, Светски ден на мозочниот удар.
МИА
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
