Независниот кандидат за Могила се повлече од трката - ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и размислувања. Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите.
ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом.
Како нејзин член секогаш сум се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане. Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација.
Понекогаш, вистинското лидерство не се покажува само кога чекориш напред, туку и кога знаеш кога треба достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш и почитуваш.
Свесен сум дека оваа вест ќе изненади многумина, но ја носам со мирна совест и со чувство на одговорност. Убеден сум дека ова е најдоброто нешто што можев да го направам во овој момент.
Ќе продолжам и понатаму да бидам тука – достапен, искрен и подготвен да помогнам секогаш кога ќе има потреба. Вашата поддршка, доверба и добри зборови ќе останат нешто што длабоко го ценам.
Ви благодарам од срце“, напиша Сашо Пивковски.
Ново на Сител
-

Татко кој физички и психички си ја малтретирал ќерката, која паднала од балкон во Тетово, сам се пријави во полиција
-

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ
-

Се фалсификувале документи за „Мерцедес-Мајбах“ и Буџетот се оштетил за 1,9 милиони денари
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
