Герапетритис: Западен Балкан треба да се третира со врвен приоритет – европското семејство е единствениот пат

Западен Балкан треба да се третира како врвен приоритет. Постои само еден пат, кон европското семејство, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во неговиот говор на настанот организиран од Националниот и Каподистриски универзитет во Атина, насловен „Грција пред современите меѓународни предизвици“, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија говореше за надворешната политика на земјата, а се осврна и на регионот, посочувајќи дека Западен Балкан за нив „не е само физичко соседство“, туку во моментов е „во фокусот на интерес од многу причини“.
- Првата и најважна причина е затоа што „бактеријата“ на национализмот што низ времето постои во овој регион се чини дека повторно оживува. Нема поголема закана од еден потиснат национализам што излегува на површина во средина на минско поле. Поради оваа причина, Западен Балкан треба да се третира како врвен приоритет. Постои само еден пат, кон европското семејство. Ова е втората причина за Западен Балкан. Треба да биде во нашиот радар. Бидејќи во моментов, како и во многу други делови од светот, Западниот Балкан е поле во кое се развива притисок од држави кои се борат за вршење влијание. И не е секогаш легитимно влијание. Гледаме дека има интервенции, дури и во изборните процеси. Хибридната закана со употреба на вештачка интелигенција е нешто што ги менува правилата на играта, истакна Герапетритис.
Посочи дека Западен Балкан заедно со Африка, делови на Азија и Латинска Америка се области „каде што има многу странски интервенции“, а тоа ја поткопува демократијата, но и правилата на меѓународното право.
Паралелно говорејќи за надворешната политика, неколкупати ја истакна важноста на почитувањето на меѓународното право, но и порача дека „не може да се замисли насилно менување на границите“.
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
