На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи, јави дописничката на МИА од Атина.
Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Русија нема добиено официјален став од Индија дека одбива да ѝ се испорачува руска нафта
-

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе
-

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу
-

УЈП: Започна исплатата на МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година, досега реализирани 184,5 милиони денари
-

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
