Преглед на вестите од светот
Израелскиот парламент – Кнесетот усвои два закона, во прелиминарно читање, за проширување на суверенитетот на окупираниот Западен Брег.
Првиот предлог-закон, чија цел е проширување на израелскиот суверенитет источно од Ерусалим, беше усвоен во прелиминарното читање, со 32 пратеници „за“ и девет „против“, а вториот подразбира проширување на израелскиот суверенитет на целиот Западен Брег, а беше усвоен со 25 пратеници „за“ и 24 „против“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според извештаите на медиумите, им наредил на членовите на неговата партија Ликуд да се воздржат од гласање.
Израел мора да дозволи доволно хуманитарна помош во Појасот Газа и да соработува со Агенција за помош на ОН, пресуди Меѓународниот суд на правдата (МСП). Израел „категорично го отфрла“ советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека земјата мора да го олесни доставувањето помош за Газа во согласност со меѓународното право. Пресудата од највисокиот суд на ОН во Хаг, која не е обврзувачка.
Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека САД сè уште би сакале да се сретнат со Русија откако американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. Коментарите на Рубио во заедничката база Ендрус дојдоа откако САД воведоа санкции врз руските нафтени компании.
Метеоролошката агенција на Нов Зеланд издаде црвено предупредување за ветер, а официјалните лица прогласија вонредна состојба во регионот Кантербери, бидејќи силна пролетна бура донесе разорни ветрови и обилни дождови на Јужниот и долниот Северен Остров денеска во утринските часови. Откажани се авионски летови, а не сообраќа и железницата во некои региони, додека затворени се неколку патишта и имаше значителни прекини на електричната енергија.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
