Преглед на вестите од светот
Утрово, околу 10 часот избувна пожар во еден од шаторите поставени во Пионерскиот парк пред Парламенетот на Србија во Белград, проследен со истрели од огнено оружје.
Едно лице е повредено а едно приведено.
Во шаторите престојуваат подржувачите на претседателот Вучич и студенти кои се спротиставуваат на блокадите на факултитетите органзиирани од студентите кои бараат одговорност за падот на настрешницата во Нови САД при што загинаа 16 лица. При пукањето повреден е 57 годишен маж.
- Разговарав со човек кој беше застрелан и беше направен обид да се запали. Сега оди во операциона сала, куршумот му поминал низ препоните. Пациентот вели дека никогаш не го видел човекот што го застрелал. Она што го имаме овде е дека еден човек дошол кај луѓе со чии мислења не се согласува, кои се залагаат Србија да не биде во блокада - дека треба да работи, да функционира и да се движи напред , министер за здравство на Србија
Вучич го оцени инцидентот како терорстички чин.
Пожарникарите интервенираа брзо и не дозволија пожарот да се прошири и на околните шатори. Инцидентот се случи додека Собранието одржуваше седница.
Не сакам да имам бескорисен состанок со Путин.Самит во Будимпешта за завршување на војната во Украина кој требаше да се одржи до крајот на октовмри е одложен изјави Трамп откако Кремљ ги отфли повиците за прекин на огнот по сегашните линии на фронтот упатени од американскиот претседател и од европските лидери.
- Не сакам да имам бескорисен состанок. Не сакам да губам време. Па ќе видам што се ќе се случи, изјави Доналд ТРамп, претседател на САД.
Дали сè уште гледате шанса за прекин на огнот и што бара Путин?
Да. Мислам дека Путин сака тоа да заврши и мислам дека Зеленски сака да заврши, и мислам дека ќе заврши.“
Од Кремљ одоговорија – не може да се зборува за одложување на нешто што не е договорено.
Не можете да одложите нешто што не е дефинриано. Ниту ТРамп, нит Путин не дадоа прецизен временски рол. Никој не сака да губи време, ниту претседателот Трамп ниту претседателот Путин. Тие се двајцата претседатели кои се навикнаа да работат ефикасно, со високи перформанси. Но, ефикасноста секогаш бара подготовка, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Во текот на нокта и рано утрово Русија изведе напади во и околу Кеив како одговор на уркаиснкото гранаитрање со британските ракети Сторм Шадоу кои погодија хемиска фабрика во Брјанск. Според Зеленски во руските напади загинале 7 лица, мегу кои и две деца а мети биле станебни згради.
- Русија повторно прави сè за да ја избегне дипломатијата. Линијата на фронтот може да биде почеток на дипломатијата, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар