-->
-->
Заедно имале скоро 300 килограми - Погледнете како изгледале на венчавката
-->

Невестата открила дека под венчаницата криела три килограми опуштена кожа која настанала како резултат на слабеење. Имено, таа изгубила 64 килограми. Тина Винмил нагло се здебелила откако го запознала својот партнер Марк. Не сакала да се омажи додека не ја намали својата тежина на половина, па со својот свршеник се зачлениле во клуб за слабеење.
Откако ја достигнала саканата тежина, нејзиното тело станало опуштено, а преку долната облека и висела вишок на кожата. Била присилена да го сокрива тој вишок под венчаница, но наспроти тоа Тина вели дека е може да биде посреќна.
- Купив панталони кои требаше да ги облечам под венчаницата, а во нив се изгледаше уште полошо. Тие се растегливи но ми го стегаа телото, а вишокот кожа ми се прелеваше преку нив, па на крајот решив да не ги носам. Искрено можам да речам дека за прв пат по толку години бев задоволна со својот изглед. Фотографии од нашата венчавка ми се низ целата куќа“, изјавила невестата.
Откако се запознале на Фејсбук во 2009 година, двајцата почнале да се дебелеат.
- Бевме толку многу вљубени што не ни забележавме колку се здебеливме. По шест месеци почнавме да живееме заедно, што дополнително ги поттикна нашите лоши навики во исхраната. Јадевме брза храна и подготвуваме обилни оброци. Наскроо заедно имавме 286 килограми. Марк имаше 159 , а јас 127 килограми. Тоа сериозно влијаеше на нашето здравје“, раскажува невестата и додава: Бевме свесни дека треба да слабееме но едноставно немавме силен мотив. Марк да имаше и три пати повеќе килограми јас се уште исто би го сакала.
А тогаш кон крајот на 2010-та година Марк и понудил брак на Тина.
- Ја прифатив неговата понуда но му кажав дека нема шанси да се омажам додека не бидам слаба невеста. Си поставив цел да намалам повеќе од 60 килограми, а и Марк заедно со мене се зачлени во клуб за слабеење.
Меѓусебно се помагале, заедно подготвувале здрави оброци. За година и половина Марк намалил 95 килограми, а Тина успеала да намали 63 килограми.

- Штом ја постигнав идеалната тежина, Марк ми кажа дека повее нема причина да ја одлагаме венчавката“, се присетува среќната невеста.
Вишокот на кожата може да се отстрани само со операција за која таа кажала дека и недостасуваат финансии. Но без оглед на ТОА Тина вели дека е пресреќна со резлутатот и дека ништо не би менувала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“
-
Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар
-
Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари
-
Нетанјаху: Израел не е протекторат на САД
-
Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
-
Координативна средба на Ѓорѓиевски со советничките групи од коалицијата – во фокус на разговорот биле првите чекори по преземањето на градот
-
ЕП усвои резолуција за Србија