Преглед на вестите од светот
Поранешниот француски претседател, Никола Саркози утрово пристигна во затворот Ла Санте во Париз за да почне со отслужување на петгодишна затворска казна за заговор за финансирање на неговата изборна кампања со пари од Либија.
Поддржувачи му аплудираа на Саркози додека ја напушташе својата вила во 16-тиот округ на Париз, држејќи ја за рака својата сопруга Карла Бруни. Од безбедносни причини, тој ќе биде сместен во самостојна келија. Ќе му биде дозволено еден час дневно физичка активност на отворено, сам во ограден двор. Освен три дозволени посети неделно од семејството и средби со неговиот правен тим, нема да има контакт со никого освен со затвроските чувари.
Саркози кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година тврди дека е невин и дека случајот е политички мотиваран. Баарњето за ослободување на Саркози веќе е поднесено и ќе биде разгледано на суд за околу еден месеци, велат неговите адвокати.
- Ова е трагичен ден за него, за Франција и за нашите институции бидејќи ова затворање е срамота и она што го надеваме, заедно со мојот колега Кристоф Ингрејн, е дека Апелациониот суд ќе ја врати француската правда на достоинството што го заслужува, изјави Жан – Мишел Дароа, адвокат на Никола Саркози.
Саркози е првиот поранешен претседател на члека на ЕУ кој завршиле зад рештеки.
Унгарската компанија за нафта и гас MOL обајви дека пожарот што ноќеска избувна во нејвината рафиренија Дунав во градот Шажаломбата е локализиран. Од таму додаваат дека погодните што не беа зафатени од пожарот повторно работат. Унгарските медиуми пренесуваат сведоштва на граѓани кои велат дека слушнале експлозии пред пожарот. Нема повредени, околните населби не беа загрозени а во тек е истрага за причините и проценка на настанатата штета изјави премиерот Орбан.
Рафинеријата „Дунав“ е една од најважните постројки за преработка на нафта во Унгарија. Може да преработува годишно 8,1 милиони тони сурова нафта. Рафинеријата Дунав и другата рафинерија на MOL во Словачка во голема мера се снабдуваат со руска сурова нафта преку јужниот крак на нафтоводот Дружба.
Јапонскиот парламент ја избра Санае Такаичи за премиерка на земјата, со што стана прават жена на оваа функција во историјата на Јапонија .Такаичи е лидерка на владејачката Либерално демократската партија а себеси се опишува како јапонска верзија на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.
Поддржува ревизија на пацифистичкиот устав на Јапонија за да се одговори на растечкото значење на армијата. Нејзините ставови вклучуваат и противење на истополови бракови и на можноста брачните двојки да имаат различни презимиња. 64 годишината Такаичи е обожавател на хеви метал и свири тапани за да го намали стресот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар