Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз
Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз.
Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.
Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана.
– Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњес на X.
Локалната префектура соопшти дека 150 пожарникари, припадници на служби за итни случаи и полицајци се распоредени во Ермон и блиските Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.
Во меѓувреме, 1.700 домаќинства од рано утрово останаа без струја, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Голема акција во прилепската болница: Повеќе лица на раководни позиции приведени поради сомнежи за злоупотреби
-
Кос: Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас до Србија
-
Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ
-
Цените на нафтата на светските берзи стабилни - околу 61 долар за барел
-
Нема планови за средба Путин - Трамп во блиска иднина, велат од Белата куќа
-
Киев ја продолжи воената состојба до февруари 2026 година
-
Фон дер Лајен: Европа мора да се бори за своето место услови на промена на глобалниот поредок
-
Трамп: Сојузниците се подготвени да испратат војници во Појасот Газа ако Хамас продолжи да го крши примирјето