ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново

Коалиција ВРЕДИ прогласи победа во првиот круг од локалните избори во неколку општини, меѓу кои Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново. Според портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, резултатите покажуваат „јасна поддршка за нова, чесна и одговорна политика“.
- Денеска граѓаните проговорија јасно, со слободен глас и чист совест тие ставија крај на ерата на една измама и страв, отворајќи го патот за нова, чесна, одговорна политика блиску до граѓаните, изјави Суљејмани на прес-конференција.
Тој остро ги критикуваше лидерите на НАИ, Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села, обвинувајќи ги дека со месеци се обидувале да ги држат Албанците како „заложници“ преку иницијативата за референдум.
- Тие се обидоа да го претворат стравот во кауза, измамата во патриотизам, а паниката во политика. Но, Албанците не беа измамени. Тие добро го познаваат ова сценарио, го виделе многу пати и сега дефинитивно го отфрлија, рече Суљејмани.
ВРЕДИ најави дека во вториот круг ќе настапи како фаворит во Тетово, Дебар, Брвеница, Долнени и Струга.
Суљејмани ја затвори прес-конференцијата со порака дека ова не е победа на поединци.
- Ова не е победа на поединци, ова е ваша победа, победа на луѓето кои го избра достоинството пред стравот, работата пред зборовите и надежта пред измамата. Ние во ВРЕДИ ја разбираме оваа порака како обврска, одговорност што ќе ја носиме со чесност. Промената што започна пред една година вечерва го доби вашиот печат и од утре ќе продолжи уште посилна, пофер и поблиску до луѓето“, потенцираше тој.
МИА
Ново на Сител
-

Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
-

Унгарскиот премиер потврди дека братот на Виктор Орбан е приведен
-

Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, велат од ЦУК
-

Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла
-

При претрес во Ѓорче пронајдена дрога, приведено 19-годишно момче
-

Младите ширум светот сè помалку физички активни
-

„Фајненшл тајмс“: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ ако членките не се обврзат да ја финансираат Украина
-

Претставници на Русиja и Украина денеска во Абу Даби ќе преговараат со посредство на САД
