Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија денеска израелските медиуми. Ова е објавено во момент кога Израел и палестинското движење Хамас продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД, со кој се стави крај на војната во енклавата.
Немаше непосреден коментар од израелската војска за нападот.
Израелската телевизија Кан објави дека воздухопловните сили го напаѓаат Рафа во јужниот дел на Газа. Повеќето медиуми објавија дека станува збор за воздушен напад.
Израелската армија завчера соопшти дека „неколку терористи“ отвориле оган врз војниците во областа Рафа, при што нема повредени. Војската подоцна соопшти дека истиот ден нападнала друга група „терористи“ кои се приближувале кон војниците во Кан Јунис. Војниците ќе продолжат да дејствуваат за да ги елиминираат непосредните закани, соопштија од Армијата.
Ново на Сител
-
ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето
-
Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ
-
Меѓународните набљудувачи ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025
-
Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур
-
Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави
-
Русија престана да снабдува гас од Казахстан поради нападот во Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока