Македонија
17. October 2025 - 16:38

На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини

На 35 пункта низ државата втор ден како тече вакцинацијата против сезонски грип. За да избегнат компликации по здравјето, постарите од 65 години и хронично болни како и секоја година се првите кои ги полнат диспанзерите. Денеска во Гостивар во својство на министер беше вакциниран и Азир Алиу. 

- Лицата кои се постари од 65 години, бремени жени и деца од 6 месеци до 5 години и старите кои се во домовите за стари лица, да се пријават на вакцинација.мк и да се заштитат од грипот, вели Азир Алиу, министер за здравство.

Годинава министерсттвото за здравство набави рекордни 80 000 вакцини кои се бесплатни за ризичните групи и истите можат да аплицираат на вакцинација.мк. Досега на сајтот се пријавиле  нешто повеќе од 49 000 граѓани.

Наредната недела треба да стигнат и комерцијални вакцини кои ќе бидат во центри за јавно здравје за граѓани кои не се пензионери но и немаат хронични заболувања и за тоа ќе платат.