Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
Или си СДСМ или не си. Цитирајќи легендарна изјава од партиските митинзи на Црвенковски, актуелниот лидер ја коментираше фотографијата која се појави во медиумите и на која Црвенковски е во друштво на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во Собранието и охридскиот градоначлник.
Заедничката фотографија со Црвенковски, градоначалникот на Охрид ја искоментира како случајна средба во полн ресторан
„Средбата немаше врска со политика, ниту пак во било кој момент се зборуваше за нешто такво! Во ист објект бевме, буквална случајна средба па седнавме на иста маса . Ресторанот беше полн и воопшто не станува за никаква "тајна вечера" или скриена средба“ – вели за Сител градоначлникот на Охрид Кирил Пецаков
Истовремено на социјалните мрежи фотографија, веројатно од истиот ресторан објави и носителката на советничката листа на партијата ЗНАМ во Охрид
„Cо најдобриот и посебен лидер“ – напиша Марина Ѓорѓоска од ЗНАМ.
Бранко Црвенковски официјално е повлечен од политичкиот живот повеќе од 10 години. Неговото име се поврзуваше со формирањето на партијата ЗНАМ каде замина голем дел од членството на СДСМ но тој јавно никогаш не зборувал на оваа тема. На крајот од 2020тата напиша отворено писмо во кое го замрзна членството во СДСМ силно критикувајќи ги политиките на Заев во односите со Бугарија.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар