Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
Две нови згради за средните училишта во Ѓорче Петров и Драчево, енергетска трансформација на сите училишта, прочистувачи за воздух, дигитализација со брз интернет, смарт табли, проектори и дигитални содржини најави кандидатот за градоначалник за Скопје од ВМРО ДПМНЕ. Во планот за унапредување на образованието во главниот град е и проектот за рестартирање на планетариумот во МКЦ како центар за наука и технологија.
Уредено корито на Серава и зелена оаза, нови булевари и надвозници за поврзување на О. Бутел со останатиот дел од градот најави кандидатката од СДСМ. Шукова ветува и решавање на проблемот со вода кои го имаат жителите на оваа општина.
Кандидатот од коалицијата Искуство за Успех преку соопштение најави решение за паркирањето во Скопје, со нови катни гаражи и пензионерски дом што ќе се гради на местото на постојните бараки на градската администрација. Во трката за градоначалничката функција на главниот град се 16 кандидати од кои 3 независни.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар