Последни три дена од изборната кампања
Остануваат уште три дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во Пробиштип, во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе одржи прес-конференција во 10:30 часот во штабот наспроти „Тренд“.
Коалицијата предводена од СДСМ денеска ќе одржат митинзи во Центар Жупа, во Дебар, во Гостивар и во Маврово Ростуше.
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова денеска ќе даде изјава за медиумите во Пазар Радишани во 10:30 часот.
Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Радовиш и Струмица, каде ќе ги претставува своите кандидати за носители на осветничките листии останатите советници.
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми денеска на прес-конференција во 10:00 часот ќе ги претстави „Петте Ветувања за Гостивар“ – конкретен план за чистење на градот од корупција, отпад и кучиња скитници, за оживување на економијата и враќање на власта во рацете на граѓаните.
Во пресрет на изборните процеси, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска ќе одржи средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија традиционално одржува средби со политичките субјекти за да ја претстави својата Платформа за локален економски развој пред раководствата на партиите и кандидатите за градоначалници, со цел да ги изложи ставовите и приоритетите на бизнис заедницата.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври.
МИА
Ново на Сител
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа