Пелегрини од Скопје - ЕУ ризикува со процесот на проширување
ЕУ ризикува со процесот на проширување - интеграцијата на Македонија не треба да се злоупотребува со политички спорови, со ваква порака од Скопје словачкиот претседател Петер Пелегрини ја критикува ЕУ дека прави голема грешка со динамиката на проширување. Изрази загриженост дека проширувањето на земјите од балканот нема да се заснова на нивното техничко ниво на подготвеност, туку само ќе се играат политички игри со цел да го попречат пристапувањето.
Ваквите пораки стигнуваат во пресрет на утрешната посета на шефицата на ЕК, Фон Дер Лајен на Скопје. Македонската претседателка Силјановска очекува конструктивни разговори, но на маса да се најде и прашањето со Бугарија за кое Македонија има аргументи.
Владата пак очекува реафирмација на позициите дека наша стратешка цел останува членството во ЕУ. Премиерот Мицкоски се надева на таков сигнал и од Брисел.
Освен со Силјановска Давкова, Пелегрини се сретна и со премиерот Мицкоски и претседателот на Собранието Гаши, а се поклони и пред гробот на Гоце Делчев.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар