Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
Владо Петров – главниот инспектор за сообраќај во Кочани, кој веќе неколку години бил во пензија, првоосомничен во случајот „Пулс“ за наводни неправилности при издавање на дозвола за паркинг – почина синоќа.
Според неофицијални информации, тој починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес.
Петров беше во првата група осомничени полициски службеници затоа што го дал својот потпис за согласност за паркинг.
„Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил главен инспектор за сообраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни“ напиша на Фејсбук – Мартин Ефремов, претседател на Независен полициски синдикат.
Ново на Сител
-
При претрес пронајдена дрога, приведени две лица од Кочани
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Томасон за поразот на Шведска од Косово: Заборавивме како да постигнуваме голови
-
Анкета: Мнозинство Германци поддржуваат враќање на воениот рок
-
Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа
-
Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа
-
Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет
-
Без струја дел од Аеродром и Карпош