ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува на 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје, соопшти АД ЕСМ. Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки и здравствени установи.
Испораката на топлинска енергија ќе се врши секојдневно, според строго утврдени правила кои зависат од надворешните температури и временските услови. Во октомври и првата половина од ноември, испораката ќе се прилагодува во текот на денот, однсоно ќе се зголемува кога температурите се пониски, а ќе се намалува или прекинува кога тие ќе ги надминат граничните вредности.
Од АД ЕСМ информираат дека поради најавени ремонтни активности на регионалните гасоводи и гасоводот „Турски тек“, од 13 до 17 октомври се очекува прекин во испораката на природен гас. Сепак, се очекува расположливите количини во системот да бидат доволни за квалитетна испорака на топлинска енергија. Можно е да има мали редукции во испораката во периодот од 15 до 17 октомври, но, како што посочуваат од ЕСМ, тие нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите.
Компанијата апелира до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги подготват објектите за непречена испорака на топлинска енергија. Потребно е да се отстранат дефекти на внатрешните грејни инсталации, да се обезбеди пристап до топлинските станици и постојано електрично напојување.
Информации за тековни дефекти и затворени објекти се објавуваат на веб-страницата на ЕСМ Снабдување. Потрошувачите се повикуваат пред пријавување на дефект да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти кои моментално немаат услови за испорака.
За дополнителни информации и пријави, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви на ЕСМ Снабдување: 02/3076-200 и 075/400-100, како и на ЕСМ Енергетика: 02/3104-816 и 02/3104-872.
МИА
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
Две години условна казна и 2.500 евра за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта
-
Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
-
Почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот
-
Кривична против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово
-
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи
-
Судот ги одби наводите на одбраната дека Штекли не е способен да го следи судењето на главна расправа
-
Приведени седум возачи за управување возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената