Македонија
13. October 2025 - 12:17

Мицкоски: Нашите градоначалници покажаа како се работи

Коалицијата која ја предводи владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера централниот митинг го одржа во Штип.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски пред штипјани зборуваше за проектите кои ги реализирале градоначалниците од неговата партија потенцирајќи дека за 4 години мандат никој од нив немал афери.