Бесплатен паринг во Тетово за лицата со посебни потреби
Јавно претпријатие за градски паркинг во општина Тетово започна со издавање на картички со кои им се овозможува бесплатно пракирање на лицата со посебни потреби што се жители на општината, информираше директорот на претпријатието Фејсал Беадини.
До ова олеснување за оваа категорија граѓани доаѓа откако Здружението за церебрална парализа заедно со уште неколку здружениеја на лица со посебни потреби од Тетово покренаа инцијатива до надлежните општински служби за бесплатно паркирање по започнувањето на системот за зонско паркирање на главните булевари и дел од споредните улици низ градот.
-Оваа наша иницијатива наиде на добар прием како кај градоначалничката на општината Теута Арифи така и кај раководството на Јавното претпријатие за градски паркинг. Со налепниците што ќе ги добијат 32 нашите членови и 10 членови на здружението на слепи лица ќе им се овозможи бесплатно паркирање. Очекуваме тоа да го направат и од здружението за телесни инвалиди да достават список до надлежните и нивните членови да ја добијат оваа повластица. Засега бесплатното паркирање ќе им биде овозможено само на жителите со посебни потреби од градот и селата во рамките на општина Тетово но се надевам дека во следниот период ова ќе може да го користат и жителите со посебни потреби од населените места од останатите тетовски општини, изјави претседателот на здружението за церебрална парализа Зоран Андонов.
Директорот на ЈП за градски паркинг Беадини порача дека претпријатието во соработка со Здружението за цербрална парализа почнало да ги доделува картичките за паркирање на возилата од лицата со посебни потреби. Појасни дека тие ќе важат за сите зони и за сите типови паркинзи, како за тие од затворен тип, така и оние на улиците и булеварите опфатени со А и Б зоните за зонско паркирање.
Посочи дека проектот за зонско паркирање што започна со реалзирање кон крајот на минатата година засега се одвива нормално и оти во скоро време со зонското паркирање ќе бидат опфатени и булеварите Благоја Тоска и другиот дел од Илинденска.
-Во зоната А се среќаваме со помали проблеми бидејќи тука жителите немаат право да добијат месечна картичка за повластено пракирање додека во зоната Б немаме никави проблеми бидејќи станарите се снабдија со картички за повлстено паркирање пред нивните домови што ги опфаќа оваа зона, рече Беадини.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани